ВМРО-ДПМНЕ во недела ќе одлучува дали ќе се врати во парламентот

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ викендов на седници на Извршниот и Централниот комитет ќе го отвори прашањето за враќање на пратениците на оваа партија во работата на Собранието.
Лидерот Христијан Мицкоски денеска имаше координација со пратенциите во партиското седиште, но тема на разговор не било нивното враќање во парламентот, туку други внатрепартиски прашања.
Сепак, се очекува во недела Централниот комитет да донесе одлука за тоа кои ќе бидат насоките за идното делување на народните избраници на ВМРО-ДПМНЕ. Прашањето за враќање на пратениците во работатата на парламентот се отвори по последната одлука на Врховниот суд да им одреди куќен притвор на Крсто Мукоски и Сашо Василевски, последните пратеници од оваа партија кои беа во затворски притвор.
Ново на Сител
-

Продолжи судењето за „Пулс“
-

Седница на Собраниската комисија за прашања на изборите и именувањата
-

Беровскиот компир скапува во подрумите, земјоделците најавуваат протести
-

Мис Стон добива спомен соба во Василево, а патеката по која се движела ќе привлекува туристи
-

Преглед на вестите од светот
-

Продолжуваат тензиите на Блискиот Исток: Каква е безбедносната закана за Македонија?
-

Започна судењето на 75 годишниот Денис Асанов, обвинет за свирепо убиство во Штип
-

Поттикнат од бугарски државјанин, скопјанец ширел омраза на ФБ кон македонската држава
