ВМРО-ДПМНЕ: Заев и СДСМ ги измамија и потценија граѓаните
„Нема правда – нема мир“ беше паролата со која СДСМ и Зоран Заев ја приграбија власта, како најава за пракса со која тие ќе владеат во Република Македонија. Заев и СДСМ ги измамија и потценија граѓаните. Истекува нивната трета година на власт, а тие се уште лажат дека државата е заробена од опозицијата. Република Македонија е изгубена држава, поделена на криминалните банди и рекетарите.
Сега сакаат да донесат закон чија единствена цел ќе биде да се амнестира криминалот на фамилијата Заеви и нивните послушници, но и да можат да се пресметуваат со нивните неистомисленици од опозицијата. ВМРО-ДПМНЕ таков манипулативен закон нема да поддржи. Нема да дозволиме Зоран Заев да наметнува услови. ВМРО-ДПМНЕ се залага за закон со кој сите граѓани на Република Македонија ќе имаат ист третман. Лажни се убедувањата на СДСМ во нивните кругови дека ВМРО-ДПМНЕ ќе биде притиснато од странците. Нека не очекуваат дека меѓународната заедница ќе биде слепа и глува за неправдата која владее во Македонија.
Со покривање на одговорноста на Заев, Шекеринска, Кики и Фрики во истpaгата за случајот „Peкет“, во кој е вмешана и специјалната јавна обвинитeлка Катица Јанева, се поткoпуваат изгледите на Македонија за почеток на пристапните преговори со Европската Унија. ВМРО-ДПМНЕ како опозиција работеше на реформите и благодарение на додадената вредност во тој реформски процес Република Македонија денес сѐ уште добива позитивни извештаи со препорака за добивање датум за отпочнување преговори од Европската комисија.
Ова што го прават СДСМ и Зоран Заев е свесно водење на Република Македонија во бездна и самоуништување. Правда не можат да носат Катица како ново промовиран заменик републички обвинител, ниту помошниците на Катица во новото обвинителство заедно со нивните братучеди, внуци, снаи, соседи и пријатели на Катица, но и по некој член на СДСМ во тимот истражители и администрација.
Правда ќе донесе народот во Република Македонија на предвремени избори со казна кон СДСМ и Зоран Заев за да не можат никогаш повеќе да заблескаат на политичката сцена.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-

Рубио: Притисокот на САД врз сојузниците во НАТО да вложуваат повеќе во одбраната не е непријателска работа
-

Трамп: Секој што го користи терминот вештачка интелигенција е „непријател“
-

Алармантни бројки од Онкологија: Лани откриени 1.000 нови случаи на рак на дојка, 7.000 заболени се на активен третман
-

Муцунски: Добрососедските односи се суштински за европска интеграција, Коридорот 8 овозможува тој принцип да се оствари
-

Жена нападната и расечена со остар предмет од партнерот во Скопје
-

Кривична за угостител од Дебар, послужил алкохол на малолетник кој подоцна физички нападнал свој врсник
-

Повторно искршено детско игралиште во Кисела Вода: „Неколку пати се поправаше, сè е за ништо“
-

Кај 43-годишник од скопско пронајдени пушка, пиштол, муниција и шприцови со масло од канабис

