ВМРО-ДПМНЕ: Здравјето на граѓаните е приоритет
Здравјето на граѓаните е првиот и најголем приоритет.
За жал освен здравствениот аспект пандемијата предизвикува долгорочни штети и во другите полиња, а економијата е целосно замрена.
Како последица од корона вирусот Република Македонија е на праг пред економска криза.
На компаниите и државата во овие кризни времиња и се потребни пари. Затоа задолжувањето на Владата е единствена опција во овој момент, преку кој може да му се помогне на стопанството.
ВМРО-ДПМНЕ го поддржува обезбедувањето финансиски средства за сервисирање на потребите на фирмите во периодот на кризата.
Имено заменик техничка министерка за финансии од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Димитриеска Кочоска го потпиша барањето за заем од ММФ во висина од 87 милиони евра, Светска Банка од 100 до 120 милиони евра, и од странските банки до 400 милиони евра.
Владата мора да покрие половина од вкупните трошоци за секој вработен. Вкупните трошоци вкучуваат и плата и придонеси за пензиско и здравствено осигурување како и персонален данок.
Потребно е замрзнување на побарувањата на државата по однос на сите давачки на фирмите, како и замрзнување на обврските за кредити. Ова се итни мерки кои се потребни час поскоро за да се зачуваат работните места.
Економски мерки се потребни веднаш!
Секое работно место вреди и мора да се спаси!
Да се однесуваме одговорно затоа што така се сака Македонија!
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
За изборите на 8 мај акредитирани 1078 домашни и 770 странски набљудувачи
-
Киднапиран, избоден и претепан скопјанец – Еден од напаѓачите негов колега
-
ЦУК: Пронајден е изгубен планинар на Плачковица
-
Земјотрес регистиран во Скопје
-
Велика Сабота - денот меѓу смртта и воскресението
-
Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Посебен сообраќаен режим денеска во Скопје
-
Русија тврди дека Украина го нападнала Крим со американски ракети