ВМРО-ДПМНЕ: Зошто над 200 пасоши дадени на криминалци уште не се поништени?

Брзоплетата и скандалозна пресуда за аферата „Мафија“ само го покажува стравот и нервозата во власта на Заев. Трас - трас пресудите со смешни и условни казни само покажува дека власта сака да го забошоти случајот и да спречи да излезе на виделина целата вистина.
Но се лажат ако мислат дека за аферата „Мафија“, во која биле доделени над 200 пасоши на мафијаши, нарко босови, убијци, терористи, ќе ја префрлат целата вина на неколку чиновници.
Колку и да ја кријат вистината, толку посилно ќе одекне.
Патем скандалот да биде поголем зошто пасошите од аферата „Мафија“ доделени на криминалците се уште се важечки. Дали овие пасоши не се поништуваат затоа што такви пасоши биле доделени на лица поврзани со акцијата „Планина“?
Ниту една трас - трас пресуда не може да го покрие овој скандал кој што не само што го загрози безбедносниот систем на Македонија, туку и безбедносните системи на многу други земји во Европа и светот.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-

Претседателката Сиљановска-Давкова за утре го свика Советот за безбедност
-

Пезешкијан го осуди американско-израелскиот напад врз иранско основно училиште
-

Нетанјаху: Постојат многу знаци дека врховниот лидер на Иран повеќе не е жив
-

Двајца играчи на КК Партизан „заглавени“ на аеродром во Дубаи
-

Русија и Катар повикуваат на прекин на воените дејствија
-

Иранската Црвена полумесечина соопшти дека повеќе од 200 луѓе загинале во американско-израелските напади
-

Иран го блокира Ормутскиот теснец - стопирани нафтените бродови
-

Меѓународниот аеродром во Кувајт гаѓан со дрон
