Македонија
15. May 2021 - 9:59

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Заев и Спасовски му дадоа полициско обезбедување на криминалецот Седат Пекер?

Турскиот наркобос Седат Пекер, на кој од страна на Заев му беше дадено полициско обезбедување и придружба со возила на МВР со флешери кажа дека бил и кај Зоран Заев дома.

Што барал Седат Пекер кај Зоран Заев дома и за што разговарале?

Ако Пекер е криминалец за СДСМ денес, тогаш зошто на истиот тој криминалец му дадоа полициско обезбедување и третман на државник?

Зошто тој криминалец го примаа во нивните домови и со почести беше пречекуван од нивните функционери?

Каква работа имаше СДСМ и Зоран Заев со криминалецот Седат Пекер кој три месеци престојуваше во Македонија?

Со што го задолжил Пекер Заев и Спасовски, кои кога притисокот станал преголем наместо да го протераат во Турција каде се баеа со потерница го протерале во Косово и дефакто го заштитиле од одговорност?

СДСМ криминална и Заев да одговорат. Од одговорност нема да избегаат. Бродот тоне.

 

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ