ВМРО-ДПМНЕ:Граѓаните нема да дозволат Македонија да биде водена од влада која ќе реализира тирански платформи
ВМРО-ДПМНЕ во соопштение денеска наведува дека многу посилни непријатели не успеале да ја победат волјата на македонскиот народ и да ја скршат неговата љубов кон сопствената татковина и во тоа нема да успее ниту Зоран Заев.
- Со секој изминат ден станува се појасно дека граѓаните нема да дозволат Македонија да биде водена од тиранска влада која ќе реализира тирански платформи. Народот на 11-ти декември не гласаше ниту за нов закон за јазици со кој што албанскиот ќе стане официјален на цела територија, ниту за двојазични банкноти или двојазични униформи. Народот не гласаше за отварање дебати за менување на химната, грбот и знамето, ниту за осуда на наводниот геноцид врз Албанците. Народот не гласаше за кантонизација и федерализација, а никој не го праша ниту за промена на уставното име заради брз влез во ЕУ и НАТО, стои во соопштението.
Од ВМРО-ДПМНЕ додаваат дека сите овие антидржавни и антинационални теми му беа наметнати после избори, измамнички и кукавички, со една единствена цел, како што наведуваат, Заев и криминогеното раководство на СДС да формираат влада, иако загубија на изборите.
- Аболицираниот Заев и криминогеното раководство на СДС се силно уценети. Формирањето влада тие го гледаат како спас од одговорност за криминалот што го направиле. Тие мислат дека на тој начин, со тргување со највисоките државни и национални интереси, би се спасиле од долгогодишните казни затвор што им се закануваат, истакнуваат во соопштението.
Од ВМРО-ДПМНЕ сметаат дека ваквото однесување е срамно и неприфатливо и оти не треба да се чека ниту ден повеќе и да се губи драгоцено време и треба час поскоро да се организираат избори.
Во спротивно гневот, додаваат и револтот на народот ќе продолжат да расте.
Ново на Сител
-
Вархеји му честиташе на Вучевиќ: Се радувам на соработката за пристапување на Србија во ЕУ
-
Белград: Годишнина од масовното убиство во „Рибникар“ | ВИДЕО
-
Подољак: Да се усвои единствена одлука за враќање на воено способни мажи во Украина
-
Реакција на осигурителните компании на одлуката да се врати старата цена за авто одговорноста
-
Хунтата во Мјанмар им забранува на мажите да аплицираат за работа во странство
-
При претрес приведен дилер од Битола
-
Јунајтед ќе го продолжи договорот со Гринвуд
-
Алонсо по победата над Рома: Сè беше прилично јасно, навистина настапивме на високо ниво