ВМРО-ДПМНЕ:Владата на СДС во буџетот доби 130 милиони евра

ВМРО-ДПМНЕ ја демантира изјавата на премиерот Зоран Заев во синоќешното интервју со уредници на медиуми дека во буџетот се останати шест милиoни евра и дека јавниот долг е над 50 проценти од БДП.
- Заев излажа дека во буџетот се останати само 6 милиони евра. Неговиот министер за финансии се пофали дека на 5 јуни се исплатени околу 77 милиони евра од буџетот на име на субвенции, стипендии и пензии. Вистината е дека новата Влада на СДС во буџетот доби 130 милиони евра, освен ако Заев не сакаше несвесно да признае дека 124 милиони евра мистериозно исчезнале, пишува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.
Неточен, според партијата, е и податокот на Заев дека јавниот долг изнесувал над 50 проценти од БДП, а дека скриениот долг изнесувал над милијарда евра.
- Фактичката состојба гласи дека јавниот долг на 30 април година изнесувал 45,9 отсто. Со овие паушални бројки и лаги, Заев и практично го загрозува кредитниот рејтинг на Република Македонија и ризикува кредиторите во иднина да бараат повисоки каматни стапки, наведува ВМРО-ДПМНЕ, оценувајќи дека Заев манипулира и дезинформира наместо да ги исполнува ветувањата што ги дал пред избори.
Опозициската партија демантира и дека со Заев разговарале на темата амнестија. - Заев лажеше дека кој било од ВМРО-ДПМНЕ во разговорите со СДС побарал каква било амнестија, соопшти ВМРО-ДПМНЕ и наведува дека Заев „ги релативизира сите прашања и бега од конкретни одговори и одговорност“.
Ново на Сител
-

Деспотовски: Не правам нова партија, ама мојата СДСМ е узурпирана од поединци
-

Тема на денот со Јован Деспотовски
-

,,Македонски етимолошки речник“ од авторот проф. д-р Гоце Цветановски
-

Измени во Законот за финансиски друштва и еврообврзница од милијарда евра поделена на два дела, најавува министерката Кочоска
-

Родители на починатите деца во „Пулс“ сведоци на судењето за пожарот во дискотеката
-

Собранието го распиша огласот за нов државен јавен обвинител
-

11 години затвор за Фатон Љури кој го прегази Југо на пешачка патека пред неговиот дом
-

Парламентот го изгласа Законот за Судски совет
