ВМРО-Народна партија: Експлицитно во законот да влезе и амнестија на осудените од настаните на „27 април“
Почитувани,
ВМРО-Народна партија сака да ја потсети македонската јавност дека уште пред две години побара измени во кривичниот законик со додавање на новини се со цел намалување на и онака пренатрупаните затворски капацитети.
Тогаш излеговме со став дека е време законски да се смени досегашната практика на изрекување затворски казни без притоа да се даде шанса или некаква опција таа казна да се замени или откупи.
Сходно на тоа предложивме откупување на казната по тарифа одредена од страна на државата и тоа да важи за изречени по „благи“ казни.
Со оваа мерка првенствено ќе се полни буџетот на државата, а воедно и ќе се намали пренатрупаноста и бројот на затвореници кои во денешно време ги има и над дозволениот односно над бројката на расположливи кревети по затворските установи.
И конечно, бидејќи овогодинешните измени на кривичниот законик не вклучуваат и амнестија за учесниците во настаните од „27 април“, ВМРО-Народна партија предлага експлицитно во законот да влезе и амнестија на осудените од настаните на „27 април“.
Со таквиот чин Северна Македонија ќе покаже решителност и зрелост за затворање на тој случај и конечно отворање на процес кон внатрешно помирување.
Центар за комуникации на - ВМРО-Народна партија
Ново на Сител
-
СДСМ: Да се повлече законот за основно образование
-
МВР ги претставува резултатите од сработеното
-
Гаши ги понижи албанците
-
Реформи во јавната администрација
-
Преглед на вестите од свет
-
Синдикатите и работодавачите со различни ставови за „недела неработен ден“
-
Тема на денот со Марјан Ристевски, заменик министер за економија и труд
-
Маркетите ги вратија старите цени на производите кои ги покачија, а не се дел од Новогодишната кошница