Внатрешна истрага во Глазгов Ренџерс за кршење на ковид-протоколот
Шкотскиот фудбалски прволигаш Глазгов Ренџерс соопшти денеска дека отворил интерна истрага по информациите дека играчи на клубот ги прекршиле мерките за спречување на ширење на коронавирусот.
Актуелниот лидер во шкотското првенство отвори истрага во своите редови, откако полицијата потврди дека во неделата во еден часот по полноќ прекинала приватна забава во Глазгов. Казни им се изречени на десетина лица поради кршење на ковид-протоколот, а локалните медиуми објавија дека меѓу присутните на забавата имало и играчи на Глазгов Ренџерс.
-Клубот е свесен за овој наводен инцидент и истиот е предмет на интерна истрага, соопшти Глазгов Ренџерс.
На почетокот на оваа година Глазгов Ренџерс им изрече двонеделна суспензија на двајца свои фудбалери поради присуство на приватна забава, а Шкотската фудбалска федерација дополнително ги суспендираше на седум натпревари.
Ново на Сител
-
Маж оштетувал надгробни плочи на гробиштата во Ѓорче Петров
-
Кремљ: Голем дел од Украина сака да биде руски, што одговара на изјавите на Трамп
-
Пријавил кражба, а украдените предмети всушност ги дал на друго лице - пријава за „лажно пријавување на кривично дело“
-
Нови наоди за „Изгубениот град“ на дното на во Атлантскиот Океан
-
Почина осуденик во затворот К’шање
-
Над 200 илјади родители и старатели може да пристапат до Е-дневникот преку мобилна апликација
-
Објавен списокот на кошаркари за натпреварите со Естонија и Полска
-
Училиштата ќе добијат упатство за постапување во случај на хибридни закани