ВНИМАВАЈТЕ како лајкувате на Фејсбук! – Што се случува кога наместо лајк ги користите новите опции?
Фејсбук веќе година дена по претставувањето на реакцијата, за новите опции за лајк постовите, откри како тие влијаат на вашиот „News Feed“.
Имено, Фејсбук повеќе ги уважува реакциите „Love“ (љубов), „haha“ (смешно), „Wow“ (Изненадување), „Sad“ (тага), и „Angry“ (бес) за разлика од обичен лајк кога ќе одредувате кои вести и постови ќе ви се прикажуваат на „News Feed“.
„За време на минатата година, откривме дека луѓето кои на некој одреден пост реагирале со опциите, сакаат истиот тој тип на постови да го видат и во иднина. Поради тоа News Feed унапредиле повеќе реакции од обичните лајкови, за да корисниците видат што порелевантни информации“, истакнуваат од Фејсбук.
И додека лајкувањето на пост Фејсбук тоа го сигнализира дека одредена тема ви е интересна, користејќи ги реакциите ќе испрати уште посилен сигнал, дури и ако тој е негативен.
Од Фејсбук истакнуваат дека сите реакции носат подеднакава тежина и дека нивниот алгоритам нема различно да влијае на реакциите како „love“, „sad“, или „angry“.
Најпопуларната реакција на Фејсбук е секако „love“. Оваа реакција се користи во дури 50% од случаите.
Се разбира оваа промена со себе го повлекува прашањето дали следените реакции може да се користат за огласување.
Заговорниците на приватноста се загрижени дека Фејсбук овие податоци може да ги собира и да ги користи во одреден момент.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Дарко Аврамовски
-
Пентагон: Билатералните односи да останат надвор од НАТО
-
Се китат со туѓи перја - Српскиот министер за култура го присвои родното место на Јустинијан Први
-
Пратениците од крилото на Села остануваат со Европскиот фронт
-
ВМРО-ДПМНЕ со обвинувања до Венко Филипче
-
Задругите се иднината на Македонското земјоделие, но се уште се на незавидно ниво
-
Спектакуларно отворање на 50-то издание на фестивалот на народни песни ,,Пеце Атанасовски‘‘ во Прилеп
-
По теркот на останатите туристички центри потребно е да се работи на инклузивен туризам