Во 12 сообраќајки вчера во Скопје, девет лица повредени

Во текот на изминатиот ден (19.08.2019 година) на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје превземени се мерки и активности и констатирано е дека 43 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената.
Од сообраќај се исклучени 14 возачи од кои: еден возач затоа што управувал возило под дејство на алкохол и 13 возачи затоа што управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило. Исто така, исклучени од сообраќај биле 13 возила бидејќи биле нерегистрирани.
Санкционирани се двајца возачи поради поминување на крстосница на црвено светло, двајца возачи поради неправилно престројување, тројца возачи поради неправилно престигнување и 10 возачи поради користење на мобилен телефон при управување на возило.
Во однос на пешаците санкционирани се седум пешаци. Во текот на изминатиот ден издадени се 103 мандатни платни налози. Изминатиот ден се случиле 12 сообраќајни незгоди во кои девет лица поминале со телесни повреди.
Ново на Сител
-

Протест пред Усје, граѓаните бараат итна дислокација
-

Протест пред Усје
-

Тема на денот со Марјан Ѓорчев, поранешен амбасадор во Софија
-

Статус кво се активностите за непотребни кардиохируршки интервенции
-

Преглед на вестите од светот
-

4 години затвор за поранешниот директор на Геријатрија
-

Судијата Ѓоко Ристов не бил под ПИ-мерки, парите почнале да паѓаат од ѕидот по мало кршење
-

Излизгани автобуси, затворени патни правци, отежнат сообраќај - снегот предизвика главоболки на службите
