Во 13 сообраќајки седум повредени во Скопје

Во текот на вчерашниот ден на подрачјето на СВР Скопје се случиле 13 сообраќајки од кои шест се со последици материјална штета, а шест се со последица телесни повреди во кои со полесни повреди се здобиле седум лица. Во една сообраќајка едно лице возач на мотоцикл се задобил со тешки телесни повреди.
Како што информира за МИА самостојниот инспектор Драган Вељановски, вчера по спроведените контроли над учесниците во сообраќајот од страна на сообраќајната полиција, откриени и санкционирани се поголем број прекршоци.
Единаесет возачи не ги почитувале ограничувањата на брзината на движење, тројца ги управувале моторните возила под дејство на алкохол истите се исклучени од сообраќај, пет возачи за време на управување на моторните возила, не го користеле сигурносниот појас или го користеле мобилниот телефон. 15 пешаци поминале вон обележан пешачки премин, или пак поминале на црвено светло на семафорот за пешаци.
Затекнати се и четворица возачи кои за време на управување на велосипед со мотор, мопед и мотоцикл не го носеле заштитниот шлем.
Со помош на специјалното возило во текот на изминатиот ден отстранети се 58 возила.
Одделениеот за превенција при СВР Скопје, со почеток во 19 часот во просториите на ПСОН Гази Баба ќе одржи сообраќајна поука на која ќе присуствуваат граѓани учесници во сообраќајоткои сториле прекршоци по разни основи во својство на пешаци.
Во рамките на проектот „Сообраќајна култура на децата во предучилишните установи“ ќе бидат реализирани едукативни работилници во Детската Градинка „Раде Јовчевски Корчагин“ објект „Палешка“ која се наоѓат на подрачјето на општина Центар.
Ново на Сител
-

МВР: Расчистен случајот со опасно управување скутер во Штип | ВИДЕО
-

Автобус се запали на автопатот Велес-Скопје
-

Димитриеска Кочоска на ФБ: Намалувањето на акцизите на горивата и на ДДВ-то за бензините од 18 на 10 отсто ќе важи до 1 јуни
-

Истрага за осомничен за продажба на кокаин во Тетово
-

ЈОРСМ: Предложен притвор за телесна повреда при семејно насилство во Скопје
-

ФФМ упати осуда за навредливо и недолично однесување на ФК Вардар
-

Кривична за малолетничка од Кочани која психички вознемирувала дете
-

Сообраќајка помеѓу два електрични тротинети во Скопје управувани од 62-годишна жена и малолетник
