Во 2022 година СВР Тетово казнил 505 возачи под дејство на алкохол
Полициски службеници на СВР Тетово во текот на минатата година на поширокото тетовско подрачје вкупно санкционирале 505 возачи кои ги управувале нивните возила под дејство на алкохол или 37 повеќе во споредба со претходната година.
Сите биле исклучени од сообраќај, времено им се одземени возачките дозволи и изготвени им се соодветни поднесоци, во кои се предвидени парични глоби од 225 до 375 евра во денарска противвредност, зависно од степенот на алкохолизираноста.
-Секторот за внатрешни работи Тетово уште еднаш ги потсетува и им укажува на возачите да се воздржат од консумирање алкохолни пијалаци доколку планираат да управуваат моторни возила или ако веќе консумирале да не седнуваат зад волан. Зашто, алкохолот ја намалува нивната способност за управување и ја доведува во ризик сопствената и безбедноста на другите учесници во сообраќајот. Ова, посебно се однесува на младите и недоволно искусни возачи-почетници, но и воопшто. Лани поради вакви или други пропусти и недостатоци биле исклучени и 453 возачи- почетници, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.
Глобата за оние кои одбиле да се алкотестираат изнесува 500 евра во денарска противвредност.
Ново на Сител
-

Пуштени во продажба билетите за баражот против Данска
-

И во Кочани протест со палење гуми поради одземање на возила од полиција
-

Одземени возила од полицијата - причина за блокада на обиколницата над Битола
-

Во Полска приведен наводен руски шпион, кој повеќе од 30 години работел во Министерството за национална одбрана
-

На ГП „Блато“ уапсен македонски државјанин, се обидел да избега со автомобилот, загрозувајќи ги животите на полицајците
-

Во Франција десет мажи со помош на таткото силувале петгодишно дете
-

МЗ за мозочните примероци: Немаме директни надлежности во спроведувањето на научно-истражувачката дејност
-

Чолиќ: Јас сум во Загреб, семејството ми е добро
