Во Албанија бигамијата ќе се казнува со затвор

Додека досега нарушувањето на лојалноста меѓу брачните другари го нарекувавме морален проблем, во нацрт-измените на Кривичниот законик, ова ќе биде кривично дело за кое може да се изрече затворска казна до три години. Според предлог-законот доставен на расправа, одржување на два или повеќе брака истовремено, или соживот во исто време со еден или повеќе партнери, се казнува со парична казна или со затвор до три години, објави Топ чанел.
Доколку бигамијата продолжи и по прво изречената казна, потоа се казнува со затвор во траење од четири години.
-Состојбата на одржување на паралелни бракови или соживот не е непозната појава во Албанија. Не ретко во медиумите сме виделе мажи кои живеат со две жени за да создадат можност да остават наследници. Имало случаи кога мажи живеат во неколку паралелни врски, од кои имаат и деца. Во одредени случаи, користејќи ја довербата, одредени поединци одржуваат повеќекратни бракови во исто време, наведува телевизијата.
Според истиот извор, најсвеж е случајот на лекарот Дервиш Хаси, кој имал три брака, а четвртиот го формирал со 16-годишна малолетничка, поради што заврши зад решетки.
Ново на Сител
-

Во Обединетото Кралство секој ден во просек по петтмина Албанци се осудуваат на казна затвор
-

Ѓорѓиевски: Се комплетира првата фаза од булеварот „Македонија“, со кој Скопје ја добива првата подземна сообраќајница
-

Трамп до Иран: Отворете ја проклетата теснина, луди гадови, или ќе доживеете пекол
-

Мицкоски: Се разгледуваат нови мерки ако за тоа има потреба, ќе се одредуваат согласно глобалните состојби
-

Лишени од слобода 13 возачи за безобѕирно управување возило, од нив шестмина возеле без возачка дозвола
-

Три жени нападнати од своите сопрузи во Скопје во последното деноноќие, во Штип синот го нападнал својот татко
-

Мицкоски: Состојбата со горивата во овој момент е стабилна, нема потреба од какво било ограничување
-

Малолетници консумирале алкохол во угостителски објект, а во една обложувалница биле затекнати малолетници
