Во Албанија и официјално потврденa британската мутација, полицискиот час продолжува
Комитетот на експерти за справување со пандемијата со ковид-19 и официјално потврди дека во Албанија циркулира британската мутација на коронавирусот.
Добиените резултати од лабораторија во Анкара потврдуваат дека од 117 примероци во дури 70 е потврдена британската мутација. Поради наглиот раст на новозаразени постоеја сомнежи, но сега тоа и официјално е потврдено, наведува Комитетот.
Според ова институција и покрај тоа што последната недела се забележува благо опаѓање на инциденцата, сепак донесена е одлука за продолжување на полицискиот час, кој трае од 20:00 до шест часот наутро.
Исто така во следните две недели продолжува и одлуката за забрана за партиски и други собири.
Како што информираше министерката за здравство Огерта Манастирлиу, непречено се одвива процесот на имунизација, со кој до сега се опфатени 22.693 лица, главно здравствени работници и постари лица од 80 години.
Потврди дека денес пристигнува првата пратка од 38.400 дози вакцини од АстраЗенека преку Ковакс механизмот. Со нив ќе почне вакцинација на просветните работници до 65-годишна возраст.
Ново на Сител
-
EУ почна преговори со Украина и Молдавија
-
Teма на денот со Зоран Јовановски
-
EУ почна преговори со Украина и Молдавија
-
Прва инвестиција на новата Влада вредна 500 милиони долари
-
Почна расправа за струјата
-
Од министерска во директорска фотелја – Фатмир Меџити е нов директор на Клиниката за неврологија
-
Клиниките во Скопје и Штип ќе ги лечиме на арбитража во Париз
-
На секоја втора фирма лани и било барано мито, сумите одат и до 100 илјади евра