Во Албанија нови 152 заразени со Ковид-19, оздравени 110 лица, расте бројот на хоспитализирани
Продолжува негативниот тренд на новозаразени од Ковид-19 во Албанија, а исто така се зголемува и бројот на хоспитализирани лица во двете ковид болници.
Во изминатото деноноќие регистрани се 152 новозразени, што значи просечната бројка во овој месец е околу 150 случаи дневно.
– Имаме повторно висока бројка на новозаразени со Ковид-19 . Од направените 864 тестови, позитивен резултат е добиен кај 152 од нив, при што речиси половина од нив се во Тирана, додека ново жариште е Корча со 19 случаи. Добра вест е дека во последните 24 часа во списокот на оздравени се внесени 110 лица, додека за жал починаа двајца пациенти, информираше Марјета Дервиши од Институтот за јавно здравје.
Таа додаде дека од почетокот на панедмијата, во првите денови од месец март направени се 54.435 тестови, позитивен резултат е добиен кај 8.119 лица, оздравеле 4.096 а починале 240 лица.
Активни на болеста се 3.783 од кои 137 или 16 повеќе од вчера се хоспитализирани во двете ковид болници, при што 31 од нив се во тешка здравствена состојба.
Ново на Сител
-

Macedonian Open 2026: Шест македонски тенисери во првото коло
-

Народна банка: Употребата на дигитално плаќање на граѓаните бележи раст и во првиот квартал од 2026 година
-

Во мај за 9,1 проценти зголемен прометот во трговијата на мало со храна, пијалаци и тутун
-

Судењето за пожарот во „Пулс“ продолжи со презентација на докази за ДПИ
-

Индустриското производство намалено за 0,3 проценти во првите пет месеци од годинава
-

Бројот на жртви во земјотресите во Венецуела достигна скоро 2.000
-

Во 2025 година 911 бесправно изградени објекти
-

Трамп лани пријави повеќе од 1,4 милијарди долари приход од крипто инвестиции на семејството
