Во Албанија прв смртен случај од менингитис

Албанскиот Институт за јавно здравје потврди дека е регистриран прв смртен случај како последица од менингитис.
-Менингококните инфекции се сериозна и фатална инфекција која има исклучително брза еволуција. Ова е причината што лицето кај кое е потврдено присуството на оваа бактерија имаше лоша среќа,изјави Силва Бино, истакнувајќи дека нема простор за паника.

Додадава дека случаите на менингитис се спорадични.
-Ги следиме сите лица кои се заразени со вируси на грип. Нема простор за паника, немаме епидемија во моментов,тврди Бино од Институтот.
Во врска со информациите во медиумите дека од оваа бактерија за два дена починале уште две лица,таа вели дека за другите два случаи ги очекуваат резултатите од анализата на земените примероци.
Според медиумите во земјата веќе станува загрижувачка појавата на бактеријата,од која во изминатте 48 часа се регистрани три смртни случаи.
-Во Албанија постои основано сомнение дека циркулира бактеријата што предизвикува менингококсемија. За 48 часа, најверојатно оваа бактерија е причина за смртта на три лица, меѓу кои и 27-годишниот полицаец, кој почина два дена. Исто така, едно 30-годишно момче од Тирана и 33-годишна жена од Драч, кои и покрај тоа што поминале на интензивна терапија за реанимација, ги загубија животите,наведува Топ чанел.
Ново на Сител
-

Француските средношколци по средбата со Макрон повикаа на продолжување на протестите сè додека не се објават конкретни мерки
-

Николоски: Ја развиваме Брвеница со реализација на конкретни проекти
-

Трамп се закани со преземање на целата иранска нафта
-

11 ден протести во Тирана: Се бара безусловна оставка од Рама
-

Кошта: ЕУ ќе покрие две третини од дополнителните 70 милијарди евра за Украина
-

Постапка за измами на граѓани со т.н. „кубански вакцини“ - претреси на повеќе локации
-

Македонија утре на Јуниорскиот Евросонг: Од вечерва може да се гласа за Ана Стојаноска
-

Скопјанка измамена за сума од 117.000 денари од поранешен вработен во Катастар
