Во Алмати стапи на сила полицискиот час, апел до жителите да останат дома
Во најголемиот град на Казахстан, Алмати, во 20 часот по локално време стапи на сила полицискиот час што го најавија сирените.
Полицискиот час ќе трае до 7.00 часот наутро, а властите апелираа до жителите на тој град да останат смирени и да не ги напуштаат домовите непотребно, пренесува Риа Новости.
Како што јавуваат локалните медиуми, истрели се слушале во предградието на Алмати, а станува збор, како што се наведува, за продолжување на „антитерористичката операција“ што беше покрената синоќа.
Министерството за внатрешни работи на Казахстан не ги потврди наводите за борбите во предградијата на најголемиот град во Казахстан, за кои медиумите наведуваат дека се водат на сообраќајниот автопат Алмата-Бишкек веќе неколку часа во близина на градот Раџимбек.
Аеродромот во Алмати е затворен до дополнително известување, иако претходно денеска беше најавено дека ќе биде отворен на 10 јануари.
Ситуацијата во Казахстан синоќа се нормализира по неколкудневните немири кои прераснаа во крвави судири со полицијата.
Претседателот на Казахстан, Касим-Жомарт Токаев, претходно во своето обраќање до нацијата рече дека „издал наредба да се отвори оган врз терористите без предупредување“.
Протестите во Казахстан избија на 2 јануари во регионот Мангистау поради зголемувањето на цените на горивото, за подоцна да се прошират во повеќе градови, вклучувајќи ја и Алма-Ата, и прераснаа во масовни немири и грабежи.
Демонстрантите упаднаа во неколку згради на државни институции, меѓу кои и претседателската резиденција.
Според Министерството за внатрешни работи, во судирите меѓу демонстрантите и војската и полицијата загинале 26 лица, а повеќе од 1.000 луѓе се повредени. Уапсени се околу 3.000 лица.
Во Казахстан е прогласена вонредна состојба.
Ново на Сител
-

Димитриеска Кочоска на ФБ: Намалувањето на акцизите на горивата и на ДДВ-то за бензините од 18 на 10 отсто ќе важи до 1 јуни
-

Истрага за осомничен за продажба на кокаин во Тетово
-

ЈОРСМ: Предложен притвор за телесна повреда при семејно насилство во Скопје
-

ФФМ упати осуда за навредливо и недолично однесување на ФК Вардар
-

Кривична за малолетничка од Кочани која психички вознемирувала дете
-

Сообраќајка помеѓу два електрични тротинети во Скопје управувани од 62-годишна жена и малолетник
-

Куманово: Тешко повреден малолетник во сообраќајка
-

ФЕД го назначија Пауел за привремен претседател се додека Ворш не положи заклетва
