Во Атина приведени 52 лица

Приведени 52 лица, повредени тројца полицајци и нападнат фоторепортер од полициските сили, е билансот од вчерашниот протест на студентите во центарот на Атина, на кој се случија сериозни инциденти, додека пак за попладневно, најавени се нови демонстрации во пресрет на гласањето на новиот закон за високо образование, јави дописничката на МИА од Атина.
Според грчката полиција, на протестот присуствувале околу 5.000 лица, а биле приведени 52 лица и повредени тројца полицајци кои биле пренесени во болница.
По завршувањето на протестот, дел од демонстрантите се собраа пред главниот објект на полицијата, каде што беа пренесени приведените за да им изразат поддршка, солидарност и да побараат веднаш да бидат ослободени.
Од Здружението на фоторепортери на Грција, соопштија дека во инцидентите што се случија пред грчкиот Парламент, полицајците удриле фоторепортер член на здружението.
Протести и инциденти вчера имаше и во Солун, каде што била уапсена 18-годишна девојка поради напад врз полицијата.
Студентите во Грција протестираат против измените во Законот за високо образование за кои веќе трет ден расправаат пратениците во Парламентот.
Гласањето се очекува да биде во текот на денешниот ден, па затоа, студентите за попладневните часови закажаа нови демонстрации.
Ново на Сител
-

Трендафилов: Утре протест на ССМ
-

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ го контролира ССМ
-

СДСМ: Божиновска била управител во фирма за трговија со струја
-

Јаневска: Законот за високо образование наскоро во владина процедура
-

Сточарите бараат итна исплата на заостанатите субвенции
-

Раст од 6,2% на бројот на туристи во јануари
-

Младите од Црвениот крст во Струмица со мали проекти поттикнуваат хумани дела
-

Мицкоски во Кочани


