Во август издадени 206 одобренија за градење

Во август годинава издадени се 206 одобренија за градење, што е за 32,9 отсто повеќе во однос на истиот месец од претходната година. Со нив е предвидена изградба на 339 станови со вкупна корисна површина од 30.233 метри квадратни.
Од вкупниот број на издадени одобренија за градење, 111, односно 53,9 отсто се наменети за објекти од високоградба, 43 или 20,9 отсто за нискоградба и 52 (25,2 отсто) за објекти за реконструкција. На 115 од објектите (55,8 отсто) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 91 или 44,2 отсто инвеститори се деловни субјекти.
Според податоците на Државниот завод за статистика, предвидената вредност на објектите изнесува 3,616 милијарди денари што е за 299,8 отсто повеќе во однос на истиот месец од претходната година.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Петар Арсовски, политички аналитичар
-

Предвремени избори во Брвеница
-

Предвремени избори во Брвеница
-

Протести во Тирана, албанскиот премиер обвинува за странско влијание
-

Радуков се сомнева во македонските власти
-

Се укинуваат 33 учебници за основно, експертите сметаат дека е потребна сериозна промена и кај кадарот
-

Секој ден е важен, побрза дијагноза за ракот на дојка во Штип
-

Ќе се заштитува Студенчишкото блато
