Во август помалку одобренија за градење, поголема вредноста на објектите
Во август годинава се издадени 232 одобренија за градење, што е за 6,8 проценти помалку во однос на август лани, објави денеска Државниот завод за статистика.
Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 3.182.494.000 денари, или за 23 проценти повеќе споредено со август минатата година
Од вкупниот број на издадени одобренија за градење, 154 (66,4 проценти) се наменети за објекти од високоградба, 20 (8,6 проценти) за нискоградба и 58 (25 проценти) за објекти за реконструкција.
Од вкупно 232 објекти, кај 161 (69,4 проценти) како инвеститори се јавуваат физички лица, а кај 71 (30,6 проценти) деловни субјекти.
Во извештајниот период е предвидена изградба на 559 станови, со вкупна корисна површина од 45.011 метри квадратни.
Ново на Сител
-
Протести во Ореовец
-
Почнаа дебатите за реформи на Судскиот совет, конечно решение се очекува до крајот на декември
-
Преглед на вестите од светот
-
Нов електронски систем за дозволи за оружје
-
СДСМ: Тошковски отпушта чесни полицајци
-
Продолжува судењето за двојното убиство
-
Во наредните месеци нов закон за Судски совет
-
Состанок на високо ниво за новата рамка за одржлив развој меѓу ОН и Македонија