Во Азербејџан е ден на национална жалост во спомен на жртвите од вчерашната авионска несреќа

Во Азербејџан денеска е ден на национална жалост во спомен на жртвите од вчерашната несреќа на патничкиот авион „Ембраер 190“ на „Азербејџан Ерлајнс“ во казахстанскиот град Актау на Каспиското Море. Во тек е истрага за причините за несреќата, во која животот го загубија 38 од вкупно 67 лица во авионот, пренесува ДПА.
Националните знамиња на Азербејџан се спуштени на половина копје во земјата во знак на жалост, а културните настани закажани за денеска, како и сите настани во театрите и концертните сали се откажани.
Авионот летал од Баку кон главниот град на руската автономна република Чеченија – Грозни, а поради магла таму бил пренасочен преку главниот град на друга република на Руската Федерација – Дагестан, Махачкала.
Според државната авиокомпанија на Азербејџан, 37 од патниците биле Азербејџанци, 16 – руски државјани, шест – Казахстанци и тројца – државјани на Киргистан.
Kахастанските медиуми наведуваат дека жртвите се од Азербејџан, Русија и Киргистан. Девет патници од Русија, меѓу кои и едно дете, се во тешка состојба. Тие се пренесени во Москва.
„Би било погрешно да се шпекулира пред да излезе заклучокот на истражителите за причините за авионската несреќа“, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
Ново на Сител
-

Голем кибер напад во Летонија, украдени податоци од 1,2 милиони луѓе
-

Убедлив триумф на Вардар против грчки Олимпијакос
-

Украина учествуваше во вежбите на НАТО против дронови во Летонија
-

Тошковски на централната прослава во Охрид: 34 години македонска Армија – чест, традиција и сигурност за Македонија
-

Ѓорѓиевски: Исплатена финансиска поддршка за сите онколошки пациенти кои ги исполнија условите
-

Сопственикот на „Црно Брдо“ осомничен за пожари во Хрватска
-

Мицкоски: Армијата е симбол на чест, дисциплина и посветеност
-

Стјуардесите и пилотите со најголема стапка на смртност од рак поради космичко зрачење
