Во Берово измерени - 6 степени, најмногу снег во Маврови Анови 38 сантиметри
Најниска температура утрово е измерена во Берово - 6 степени, во Прилеп -5, во Скопје-Петровец, Битола и Струмица - 4, во Скопје-Зајчев Рид, Тетово, Маврови Анови, Попова Шапка - 3 степени, Претор, Штип и Демир Капија - 2, во Крива Паланка, Виница, Крушево, Дебар, Велес, Кавадарци - 1, во Охрид и Куманово 0, во Гевгелија 1 и во дојран 4 степени.
Најмногу снег 38 сантиметри има во Маврови Анови, 23 сантиметри во Крушево, 12 на Попова Шапка, 10 во Тополчани, осум во Пожаране и два сантиметри во Ѓуриште.
Во текот на ноќта времето беше ведро и претежно тивко, а утрово е сончево со мала до умерена локална облачност. По одделни котлини има појава на магла и намалена хоризонтална видливост од 50 до 200 метри.
Времето денеска ќе биде променливо облачно, претпладне со појава на магла по одделни котлини. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 6 до 12 степени.
Во Скопје претпладне ќе има појава на магла, преку денот умерено облачно со умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне 9 степени.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Тони Коњановски, градоначалник на Битола
-
Неолитски населби кај струмичко Костурино и дојранско Црничани
-
Протест против загадувањето на воздухот
-
СДСМ: Власта е виновна
-
Рамиз Мерко остана без пасош – Обвинителството покрена ново обвинение против него за ширење етничка омраза
-
Муртезани: Брисел има разбирање за нас, шансата ни е стабилна влада во Бугарија
-
Примарното здравство пред пензија – помалку од 1400 матични лекари во државата
-
Исходот од пукање петарди може да биде фатален