Во Берово најладно со -13, Дојран - 4 степени

Утрово до 07.30 часот се измерени минусни тепературни. Најстудено со - 13 степени во Берово, најтопло со - 4 степени во Дојран.
Како што соопштија од УХМР измерени се -10 степени во Скопје-Петровец, -9 Крива Паланка, Штип, Струмица, Демир Капија, Прилеп, Битола и Велес, -8 Скопје-Зајчев Рид, Тетово, Куманово, Кавадарци и Крушево, -7 Маврови Анови, Претор, Виница и Дебар, како и -6 степени во Охриди во Гевгелија.
Висината на снежната покривка во 7 часот била пет сантиметри на Попова Шапка.
Во текот на ноќта времето беше ведро и тивко. Изутринава е сончево со мала локална облачност и студено. Наместа дува слаб ветер од северен правец, соопштија од УХМР.
Времето денеска ќе биде сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб, а во западните делови умерен ветер од западен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 2 до 8 степени.
Во Скопје претежно сончево и тивко. Максималната температура ќе достигне 5 степени.
Ново на Сител
-

За викендот сончево и многу топло, од вторник грмежи и засилен ветер
-

Иран предупреди на масовен одговор по заканите на Трамп за напади врз критичната инфраструктура
-

На Деве Баир спречен обид за криумчарење на две илјади парчиња медицински препарати | ФОТО
-

Уставниот судија Гоце Наумовски поднесе оставка
-

Николоски: Во август јавни презентации на студиите за брзата пруга, изградбата стартува на крајот на годинава
-

Определен 30 дневен притвор за сопружниците осомничени за убиството на докторот Ацо Трповски
-

Косовски државјанин избегал од царинска контрола на Блаце, по потера уапсен во Скопје – пронајдени марихуана и нож
-

Почина македонски државјанин кој беше во притворскиот центар во Валона
