Во Берово најладно со - 9, Претор и Охрид најтопли со 0 степени
Во Берово утрово е најладно со измерени - 9 степени Целзиусови, најтопло е во Охрид и Претор со 0 степени.
На Попова Шапка се измерени - 8 степени, -6 Дебар, -5 Штип и Крива Паланка, -4 степени во Струмица, Демир Капија, Кавадарци, Виница и Тетово, -3 Прилеп и Куманово, -2 Скопје-Петровец, Битола, Гевгелија, Маврови Анови и Крушево, -1 Скопје-Зајчев Рид и Велес.
Во изминатите 24 часа има наврнато 8 литра на метар квадратен дожд во Кавадарци, 8 во Кавадарци, 5 Пожар – Радовиш, 3 Тополчани и 1 Велес.
Висината на снежната покривка е 54 сантиметри на Попова Шапка, 48 Маврови Анови, 31 Крушево, 22 Битола, 20 Дебар, 15 Тетово, 11 Штип, 10 Берово, 8 Демир Капија, 6 Прилеп, 3 Крива Паланка, Претор и 1 во Струмица.
Времето денеска ќе биде сончево и претежно тивко со мала до умерена облачност. Максималната температура ќе биде во интервал од 2 до 8 степени.
Во Скопје сончево и претежно тивко со мала до умерена облачност и со слаба магла претпладне. Максималната температура ќе достигне до 6 степени.
Ново на Сител
-
Обвинителството бара притвор за 42-годишната жена која вчера со автомобил удри во пешак
-
Малолетничка од Скопје физички нападната од таткото и братот
-
Тешка сообраќајна несреќа на автопатот Тетово – Скопје
-
Утре во 17 часот нов протестен марш во Скопје за Фросина
-
Вучиќ: Тргнаа во напад на Србија однадвор, поддржани од многумина одвнатре
-
Кумановка измамена за 30.000 евра - повторно измамата во која наводно нејзина ќерка прегазила дете
-
Мицкоски: Надлежните се на терен во сите поголеми супермаркети, се прави анализа, детали од понеделник
-
Поранешниот германски претседател Хорст Келер почина на 81-годишна возраст