Во Берово најстудено -6, на Попова Шапка најмногу снег 47 сантиметри
Најстудено утрово е во Берово каде се измерени -6 степени целзиусови, а најтопло во Охрид и Велес со 2 степена.
Според УХМР, -4 степени целзиусови се измерени на Попова Шапка, -3 Битола, Прилеп, Струмица, -2 Лазарополе, Виница, Тетово, -1 Крива Паланка, 0 Кавадарци, Крушево, Куманово, Скопје-Петровец, Скопје-Зајчев Рид, Гевгелија, а 1 степен целзиусов во Демир Капија, Штип, Маврови Анови, Претор, Дебар.
Најмногу снег има на Попова Шапка, каде утрово висината на снежната покривка изнесувала 47 сантиметри, во Маврови Анови биле измерени 38, во Крушево 20, во Битола 13, во Тетово 5, во Берово2, и еден сантиметар во Штип.
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди претежно во источните делови и со слаб југозападен ветер. По котлините ќе има појава на магла и ниска облачност која во текот на денот делумно ќе се намали.
Максималната температура ќе биде во интервал од 6 до 14 степени, а во котлините со магла дневната температура ќе достигне само неколку степени над нулата.
Во Скопје променливо облачно и тивко со појава на магла која попладне делумно ќе се намали. Максималната температура ќе достигне до 6 степени.
Ново на Сител
-
Социјалните работници ги нема во институциите
-
Охрид со бројните цркви е привлечен за туристите
-
Трогателен хуман гест на 18 годишниот Андреј О. Зрновци
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Сашо Клековски, директор на ФЗОМ
-
Наместо гаснење на пожари и краткорочни мерки, онколошките пациенти бараат долгорочен канцер план
-
„Живи ќе изгоревме“, вели патничка од автобусот на ЈСП кој се запали во Сопиште
-
Македонската полиција се засили со нови 497 припадници