Во Берово најстудено, најтопло во Гевгелија
Најниска температура - 2 утрово е измерена во Берово, додека со 8 степени Целзиусови најтопло е во Гевгелија.
На Попова Шапка и во Крива Паланка 0 степени, 1 Виница, 3 степени во Битола и Лазарополе, 4 Штип, Тетово, Крушево, Кавадарци, Куманово и Маврови Анови, 5 Скопје-Зајчев Рид, Охрид, Прилеп и Демир Капија, 6 Скопје-Петровец, Струмица, Велес и 7 стешени во Претор.
УХМР информира дека висината на снежната покрива во 07 часот е 38 сантиметри на Попова Шапка и 23 во Маврови Анови.
Времето денеска ќе биде променливо облачно, претпладне со појава на магла и ниска облачност по одделни котлини. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има повремен локалeн дожд, а на повисоките планини слаб снег. Ќе дува слаб до умерен, а во југозападните делови повремено засилен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе достигне од 9 до 15 степени.
Во Скопје времето променливо облачно, претпладне со појава на магла, а кон крајот на денот со повремен слаб дожд. Максималната температура ќе достигне до 11 степени.
Ново на Сител
-
Почнува судењето на францускиот хирург обвинет за силување на стотици деца под анестезија
-
Четврти ден се трага по Миле Тодоров од Неготино
-
Намален бројот на работници во индустријата
-
Историски максимум на цената на кафето арабика на берзите
-
МОН: Јаневска на самит во Будимпешта, ќе се продлабочува соработката помеѓу Западен Балкан и Унгарија
-
Георгиев: Годинава нема заедничко чествување на Гоце Делчев
-
Околу 600 вработени во централата на УСАИД во Вашингтон добија забрана за влез во Агенцијата откако Маск најави нејзино затворање
-
Во средните училишта се спроведува проект за популаризација на воената професија