Во БИХ се одржуваат општи избори

Во Босна и Херцеговина денеска се одржуваат општи избори.
За 518 места во органите на власта, од државно до кантонално ниво, на изборите се натпреваруваат повеќе од 7.000 кандидати од 76 партии, а право на глас согласно избирачкиот список имаат повеќе од 3,4 милиони гласачи. Гласањето се одвива и во 20 дипломатско-конзуларни претставништва на БиХ во странство.
ЦИК за следење на изборниот процес акредитираше повеќе од 2.400 набљудувачи, од кои 756 се од странство.
Идентитетот на гласачите на избирачките места ќе се утврдува со отпечаток од прст, а сите гласачки ливчиња ќе бидат скенирани веднаш по гласањето. Тоа треба да ѝ овозможи на ЦИК да ги објави првите прелиминарни резултати непосредно по затворањето на избирачките места, односно околу 20 часот.
МИА
Ново на Сител
-

Шпанија со пресврт ја победи Хрватска
-

Во ЕУ ќе се разговара за сомневањата за појава на чума во Сибир
-

Трамп: Никој не знае кој управува со Иран
-

Шведската полиција застрела вооружен маж пред Кралската палата во Стокхолм
-

Киев рано утрово повторно цел на руски напади со ракети и дронови
-

Седница на Судски совет, на дневен ред донесување нов Деловник за работа
-

Ведро и студено утро, преку ден сончево и топло
-

Трамп: Проблемот во Франција не се училиштата, туку исламот кој сака да ја преземе власта
