Во Битола Коњановски од ВМРО – ДПМНЕ во водство пред Кондовски од СДСМ
Кандидатот на ВМРО – ДПМНЕ за градоначалник на Битола Тони Коњановски е во водство пред кандидатот на СДСМ Христо Кондовски.
Според претседателот на ОК на ВМРО – ДПМНЕ Пеце Милевски, кандидатот на опозицијата е во водство на најголем дел од избирачките места.
-Битола ја препозна програмата и вистински квалитете наспроти неработење и безидејност. Битолчани се одважија и се спротивставија на сите притисоци, нечесните игри и обидите за поткуп од страна на власта. Битолчани кажаа НЕ. Победуваме насекаде, истакна Милевски.
Од општинската организација на СДСМ во Битола кусо соопштија дека пребројувањето на гласовите е во тек, но извесно е дека ќе има втор изборен круг во тој град.
Во меѓувреме на својата фејсбук страница, актуелната градоначалничка на Општина Могила, Јасмина Гулевска, која ги загуби изборите во првиот круг, јавно се заблагодари за досегашната соработка со жителите на таа општина која по четири години власт на СДСМ ја презема ВМРО – ДПМНЕ.
Ново на Сител
-
Израелската полиција изврши рација во Ал Џезира во Ерусалим, одзеде опрема
-
Костадиновска-Стојчевска: Македонскиот јазик е нашиот национален белег и најважниот симбол на културниот идентитет
-
Косовската полиција уапси 4-ца македонски државјани меѓу кои и кондовецот Агим Красниќи
-
Макрон го повика Нетанјаху успешно да ги заврши преговорите со Хамас
-
Димитровска: ДКСК оформи 45 предмети поврзани со изборите
-
14-годишна малолетничка од Петровец избегала од дома
-
Малолетник пријавен за насилство врз неговата мајка и брат
-
Бројот на загинати во поплавите во Кенија се искачи на 228