Во Битола промовиран Водич за инвестирање во пелагонискиот регион
Центарот за развој на пелагонискиот регион во соработка со Регионалната стопанска комора и Советот на пелагонискиот плански регион-СППР, денеска во Битола приредија промоција на Водич за инвестирање во пелагонискиот регион.
Градоначалникот на општина Ресен, Ѓоко Стрезовски појасни дека станува збор за прирачник кој на инвеститорите им нуди детален преглед на можностите за инвестирање во деветте пелагониски општини.
- Пелагонискиот плански регион е прогласен за најдобар во минатата година во делот на активностите околу реализација и добивање на проекти, а една од новините беше и отворањето на Бизнис центарот со што значително се проширија нашите капацитети за поддршка на бизнис секторот во регионот. Промоцијата на водичот за инвестиции во индустриските зони на деветте општини значи олеснување за потенцијалните инвеститори и привлекување на нови инвестиции, нагласи Стрезовски.
На денешниот промотивен настан во Битола беше посочено дека Водичот за инвестистирање во пелагонискиот регион е со широк опфат и лесно достапен за што е изработена и посебна веб-страница.
- Нудиме помош и поддршка за инвеститорите во секоја фаза од процесот на донесување одлука, односно фазата на прибирање на информациите како и остварување на контакт со општините. Во водичот се содржани важни и точни информации за сите индустриски зони како и можностите за браунфилд инвестиции. Овој водич ќе биде надграден со можности за гринфилд инвестиции, односно парцели во приватна сопственост со што се нуди поголема можност за потенцијалните инвеститори, истакна Емилиа Ѓероска, раководител на ЦРППР-Битола.
Според Мирко Велковски, претседател на Регионалната стопанска комора со седиште во Битола, изработениот водич ќе биде од голема корист како за домашните така и за странските инвеститори.
Ново на Сител
-
Лекарите апелираат - Внимателно со исхраната за време на празниците
-
Преглед на вестите од светот
-
Утре седница за интерпелации: Власта тврди се ќе заврши брзо
-
Тема на денот со Александар Ивановски, директор на Европската Фискална Конфедерација
-
МОН затвори уште еден приватен институт, ќе се мониторираат дипломите и магистерските
-
Цените на станбениот квадрат уриваат рекорди, колку се реални?
-
Судот во Перник: Пропустите на автопатот „Струма“ придонесоа за несреќата на „Беса Транс“
-
Бајден пред заминување ги заостри санкциите кон Западен Балкан