Во Битола промовирана фондацијата „Тома Фила“
Универзитетот „Св. Климент Охридски“-Битола во рамки на свеченостите посветени на денот на основањето – 25 април ја претстави Фондацијата „Тома Фила“ која во иднина финансиски ќе ги поддржува најдобрите студенти, идни адвокати.
Фондацијата ја промовираа ректорот на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ Сашо Коруновски и адвокатот Тома Фила кој живее и работи во Белград.
- Сакам да му се заблагодарам на градот во кој сум роден и тоа го правам со поддршка на младите луѓе кои сакаат да станат адвокати. Во иднина еден или двајца студенти директно ќе бидат поддржани од нашата Фондација, односно една година целосно финансиски ќе бидат поддржани до полагање на адвокатски испит. Притоа сами ќе ја изберат адвокатската канцеларија во која ќе се усовршуваат, а ние ќе исплаќаме плата и сите придонеси кои се трошок при усвовршувањето на адвокатскиот занает, рече адвокатот Тома Фила.
Универзитетските свечености посветени на 25 април - денот на основањето на УКЛО завршуваат утре со промоција на доктори на науки.
Ново на Сител
-
Ќе бараат ли партиите разрешување на првата антикорупционерка?
-
Тема на денот со Александар Пандов, директор на управа за извршување санкции
-
Нема оставка од антикорупционерката
-
Пандов се сомнева дека криминални банди му ја запалиле куќата
-
Вреди станува партија, Касами се споменува за лидер
-
Судиите бараат промена на состојбата во правосудството преку реформи , а не со оставки
-
Зоран Димитриевски, Татјана Дуковска и Маја Маркова избрани за врховни судии
-
Замрзнатите цени и маржи со половичен ефект, смета ССМ