Во бомбашкиот напад во Каиро најмалку 29 повредени
Најмалку 29 лица се ранети, од кои шестмина се полицајци, во експлозијата на автомобил бомба кај една од зградите на службата за безбедност и судот во северното предградие на Каиро, Шубра ал-Каими, јавија светските агенции, повикувајќи се на безбедносни извори.
Властите наведуваат дека експлозивната направа со голем капацитет била детонирана од далечина.
Од детонацијата е оштетена фасадата на зградата, а на местото на експлозијата веќе се наоѓаат противпожарни екипи, итна помош и полиција.
Од експлозијата е направен голем кратер, а околните автомобили се изгорени, наведуваат британските медиуми.
Според твитови на Твитер, експлозијата се слушнала во неколку делови на главниот град на Египет.
Сопственикот на една продавница изјавил дека видел кога еден маж го паркира својот автомобил, што подоцна експлодирал.
Засега никој не ја презеде одговорноста за нападот.
Кон крајот на јуни и почетокот на јули во Каиро се случија два терористички напада, во јули кај конзулатот на Италија за кој одговорноста ја презеде Исламска држава, а во јуни имаше екплозија кај претседателската палата.
Британските медиуми потсетуваат дека одговорноста за нападите врз безбедносните сили претходно ја преземаа екстремистите стационирани на полуостровот Синај, приврзаници на ИД, која контролира големи делови од Ирак и Сирија, а присутна е и на територијата на Либија.
Ново на Сител
-
Израелската полиција изврши рација во Ал Џезира во Ерусалим, одзеде опрема
-
Костадиновска-Стојчевска: Македонскиот јазик е нашиот национален белег и најважниот симбол на културниот идентитет
-
Косовската полиција уапси 4-ца македонски државјани меѓу кои и кондовецот Агим Красниќи
-
Макрон го повика Нетанјаху успешно да ги заврши преговорите со Хамас
-
Димитровска: ДКСК оформи 45 предмети поврзани со изборите
-
14-годишна малолетничка од Петровец избегала од дома
-
Малолетник пријавен за насилство врз неговата мајка и брат
-
Бројот на загинати во поплавите во Кенија се искачи на 228