-->
-->
Во Бразил рекорден број на новозаразени со Ковид-19, повеќе починати од Шпанија
-->
Бразил ја помина Шпанија по бројот на смртни случаи од Ковид-19.
Во изминатите 24 часа од коронавирусот починале 1.124 лица, покажуваат податоци од Министерството за здравство на Бразил. Тоа е четврти ден со повеќе од илјада смртни случаи од коронавирусот во Бразил.
Вкупниот број на починати сега изнесува 27.878, наведува Си-Ен-Ен, додека во Шпанија, според податоци на Универзитетот Џон Хопкинс, од коронавирусот починале 27.121 лице.
Бразил исто така информира за 26.928 нови случаи на коронавирусот, што е рекорден број на дневно ниво.
Вкупниот број на заразени во земјата сега изнесува 465.166.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Парламентарна кампања
-
Тема на денот со Мирче Адамчевски, новинар, аналитичар
-
Преглед на вестите од светот
-
ВМРО-ДПМНЕ и Вреди се поблиску до владина коалиција
-
Продолжува претседателската кампања
-
Продолжува парламентарната кампања
-
Детектор: Близу 60% од граѓаните ќе гласаат на изборите - кампањата не влијаела на нивната одлука
-
23 години од масакрот кај Вејце