Во Брисел почна објаснувачкиот скрининг за Кластер 5 - Ресурси, земјоделство и кохезија
Делегација на Северна Македонија, заедно со делегација на Република Албанија, од денеска до 20 овој месец во Брисел ќе го следи објаснувачкиот скрининг за Кластер 5, „Ресурси, земјоделство и кохезија“.
Како што соопшти Секретаријатот за европски прашања (СЕП), станува збор за многу важен и обемен кластер кој регулира пет поглавја поврзани со економскиот развој на земјата како што се: земјоделство и рурален развој, безбедност на храната, ветерина и фитосанитарна политика, рибарство, регионална политика и координација на структурните инструменти, како и финансиските и буџетски одредби.
-Во текот на овие четири дена од објаснувачкиот скрининг за Кластер 5, експерти на Европската комисија ќе ги презентираат пред делегациите на Северна Македонија и Албанија новите директиви и регулативи од легислативата на ЕУ донесени после 2018 година, а нашата делегација треба да ја посочи временската рамка, во која се очекува земјата да ја усвои и вметне новата легислатива во националното законодавство, се посочува во соопштението.
Северна Македонија досега го заврши билатералниот и објаснувачки скрининг за четири кластери, или вкупно 26 поглавја и три области. Останува до ноември оваа година да биде комплетиран и билатералниот скрининг за последните два кластери, односно да завршат скрининг состаноците и за преостанатите седум поглавја - кластерите „Ресурси, земјоделство и кохезија“ и „Надворешни односи“, стои во соопштението од СЕП.
Ново на Сител
-

Стевче Јакимовски доброволно замина во затвор
-

На таткото на Вања ќе му се суди повторно, потврдени доживотните казни за Палевски и тројцата соучесници
-

Прилепчанка измамена за 700.000 денари преку Фејсбук, мислела дека помага за лекување на болно дете
-

Сали од Киев: Остануваме цврст поддржувач на Украина и на нејзиниот европски пат
-

Мицкоски за пресудите за „Талир“: Конечно, правдата е задоволена
-

Сопругата го намамила а сопругот го убил со 9 убоди од нож, расветлено убиството на докторот Ацо Трповски
-

Николоски: Задоволен сум од динамиката за меѓудржавниот пат од Тетово до Призрен, наскоро и автопат од Букојчани до Кичево
-

Два случаи на семејно насилство во Штип
