Во Британија разгледуваат задолжителна вакцинација против Ковид-19 за здравствените работници
Вакцините против коронавирусот може да бидат задолжителни за здравствениот персонал во Националните здравствени служби (NHS) во Велика Британија во планови што ги разгледуваат министрите, јавија Би-Би-Си и Гардијан.
Британската влада веќе се консултираше дали да се направат задолжителни вакцини за социјалните работници, а министрите веќе размислуваат дали да го сторат истото за медицинските лица.
Министерот Надхим Захави рече дека е важно да се проучи како да се заштитат најранливите.
Тој додаде дека има преседан – се вакцинираат хирурзите против хепатитис Б, „затоа ова е нешто за што апсолутно размислуваме“.
Во Велика Британија има 870 пациенти со коронавирус во болница, според последните податоци на владата, во споредба со врвот од 39.249 во јануари.
Вработените во НХС имаат право да добијат доза од вакцина, но фактот дека нема барања тоа да го направат, и покрај секојдневната работа со пацвиенти, се претвори во широко разгледувано прашање во државата, јавија локалните медиуми.
Во врска со можната задолжителна вакцинација на персоналот во НХС, опозицијата (Лабуристите) сметаат дека „заканата“ кон персоналот на НХС да ја прими вакцината не е добра идеја.
„Имајќи предвид дека имаме криза за вработување во некои делови на НХС, мислам дека е многу поважно да се обидеме да работиме со персонал отколку против тоа“,смета Тангам Добонеар од Лабуристичката партија.
Ново на Сител
-
Со ново одделение ЈО ќе се бори против корупцијата
-
Коцевски потврди: Сослушани три лица, а за едно предложено мерки за претпазливост
-
Флајтрадар 24 не е релевантен извор реагираат од Здружението на контролори
-
Која е причината за труењето на питомци од Воената академија?
-
ВМРО-ДПМНЕ – Директори на ЈЗУ од СДСМ и ДУИ набавувале лекови кои не биле на листата
-
СДСМ: Дипломатски дебакл и понижување на државата при посетата на македонската делегација во Софија
-
Недостатокот на работна сила и нови високомлечни раси говеда го доведуваат во опасност производството на млеко
-
Црвен Крст Охрид го одбележи светскиот ден на првата помош