-->
-->
Во Бугарија рекорден број заразени и починати од коронавирус
-->
Бугарија, која има најнизок процент на вакцинирано население во ЕУ, денеска пријави рекорден дневен број на заразени и смртни случаи од коронавирус.
Во последните 24 часа во Бугарија со коронавирус се заразени 5.863 лица, а 243 починале, покажуваат официјалните податоци.
Досега од Ковид-19 починале 23.316 луѓе во земјата, која има околу седум милиони жители.
Бугарија воведе задолжителни здравствени пропусници за повеќето затворени јавни места поради ширењето на инфекцијата и слабата покриеност со вакцинација.
Ограничувањата предизвикаа протести, а некои политички партии ја обвинија преодната влада за лошо управување со пандемијата пред изборите на 14 ноември.
Во Бугарија досега целосно се вакцинирани само 24 отсто од населението, додека просекот во ЕУ е 74 отсто.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Реакции на посетата на Фон дер Лајен
-

Останките на Цар Самоил пренесени во Софија
-

Горивата поевтинуваат од следната недела, се преговара со ОКТА за дополнителен попуст
-

Минчев од Националната академија за јавна администрација на Италија
-

Продолжува пензионерскиот „бунт“ во Свети Николе
-

Меморијален турнир во чест на загинатите бранители
-

Мостот на Љубљанска готов до крајот на годината
