Во Бугарија состанок на Советот за регионална соработка
Нова тригодишна стратегија и програма за работа на Советот за регионална соработка (РЦЦ) денеска ќе биде претставена на годишниот состанок на оваа организација во Правец во Бугарија.
На состанокот ќе се дискутира за регионалната соработка, како фактор за стабилноста и економскиот развој во Југоисточна Европа.
Во Правец денеска ќе биде одржан и состанок на министрите за надворешни работи на Процесот за соработка во ЈИЕ (СЕЕЦП), на кој би требало да бидат одобрени нова стратегија и програма за работа на РЦЦ, како и годишниот извештај на таа организација.
Во уводниот дел на годишниот состанок на РЦЦ на присутните ќе им се обратат министерот за надворешни работи на Бугарија и претседавачот на Процесот за соработка во ЈИЕ, Даниел Митов и генералниот секретар на РЦЦ Горан Свилановиќ, кои заедно претседаваат со состанокот.
Процесот за соработка во ЈИЕ е покренат во 1996 година со цел тој дел од Европа да се трансформира во регон на стабилност, безбедност и соработка во согласност со европските интегративни текови, а преку унапредување на меѓусебниот дијалог и соработка. Членки на СЕЕЦП се Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Црна Гора, Грција, Хрватска, Молдавија, Романија, Србија, Словенија и Турција.
Ново на Сител
-
Со нож и се заканија на претседателката на Уставен Кацарска
-
Запален службениот автомобил на директорот на Идризово- оштетена и блиската зграда
-
Уставен го одби барањето на судиите да го врати коефициентот за повисоки плати
-
Европскиот фронт најави тужби до Управниот суд и кривични пријави за членовите на ДИК
-
Без средба, само консултации за идното владино коалицирање
-
Следната недела СДСМ ја почнува постапката за избор на ново раководство
-
МЗ како портпарол на Токсикологија со обвинувања за Нико Беќаровски - професорот негира и најави тужба
-
Македонија 2025: Дијаспората сака да помогне, власта нема слух