Во Чикаго отстранета статуа на Кристофер Колумбо

Статуата на Кристофер Колумбо во Чикаго изутринава беше размонтирана и симната, откако градоначалничката Лори Лајтфут претходно нареди нејзино отстранување од јавниот простор.
Во видео од местото на настанот се гледа како работници со јажиња ја симнуваат со платно покриената статуа поставена на висок постамент .
Паркот каде што е поставена статуата на Колумбо минатиот петок беше место на протести и судири меѓу демонстрантите и полицијата, кога неколку полицајци беа повредени. Протестинте тогаш се обидоа да ја урнат статуата, а полицијата го расчистуваше нередот и беше гаѓана со камења и други тврди предмети.
Во немирите тогаш беа упсени 12 лица за напад во толпа на униформирани лица.
Статуите на Кристофер Колумбо, италијански мореполвец кој при крајот на 15 век прв извршил пловидба до бреговите на Америка, како и спомен обележјата на Конфедерацијата, државен ентитет од 19 век, во изминатиот период во САД се лустрираат како контреверзни делови од американската историја – симболи на вкоренетиот расизам и ксенофобија во земјата.
Оваа иницијатива почна при крајот на мај, по убиството на Афраомериканецот Џорџ Флојд од страна на полицијата за време на апсење. Убиството поттикна силен гнев во јавноста и протести низ целата земја, со повторно разгледување на темите, како бојата на кожата, етничкото потекло, полициската бруталност и социјаните неправди.
Ново на Сител
-

Сиљановска: Не очекувам да се нарушат односите со Бугарија
-

Јотова загрижена за бугарскиот амандман за извештајот за Македонија - почна дебатата во ЕП
-

Тема на денот со Стојанче Ангелов, директор на ДЗС
-

Приведен 44 годишeн скопјанец за палењето на возилата на бугарската амбасада
-

Нова инвестиција во ТИРЗ Тетово вредна 21 милион евра ќе отвори речиси 500 работни места
-

Од денеска нема мерки за горивата, Пазарната инспекција подготвува нов извештај за цените во маркетите
-

Се затега монетарната политика, ќе поскапат кредитите
-

Се удави 20 годишно момче во Охридското езеро
