Во Црна Гора моментално има околу 39.000 гости
Во Црна Гора во моментов престојуваат 39 илјади гости, 74 отсто повеќе од лани, изјави министерот за економски развој и туризам, Горан Ѓуровиќ и додаде дека според досегашните податоци се очекува успешна сезона.

Ѓуровиќ за „Медиабиро“ изјави дека по фантастичната претсезона, сезоната започнала одлично, а доказ за тоа се и податоците на туристичките организации.
„Велат дека имаме околу 39 илјади гости, што е за 74 отсто повеќе од истиот период лани, а три отсто повеќе од 2019 година. Одиме да соборуваме рекорди, одиме кон подобра година од рекордната 2019 година. Добредојдовте во Црна Гора, ве очекуваме“, порача Ѓуровиќ.
Тој рече дека очекуваат гости од целиот свет.
„Очекуваме гости од Запад, од скандинавските земји, од регионот. Бев во Србија и поканив гости. Во четврток одам во Босна и Херцеговина (БиХ) и истото ќе им го кажам. На сите од регионот им порачувам – Добредојдовте во Црна Гора“, рече Ѓуровиќ.
Ново на Сител
-

Инцидент во Аеродром: Пресметка меѓу навивачите на МЗТ Скопје и Работнички, еден повреден
-

САД ја предупреди Москва за голем терористички напад - затворен познат музејски комплекс
-

Почина легендарниот пејач Мишо Ковач
-

Ѓорѓиевски: Бесплатен разглед на Матка и Врело - светот слушна за нашето богатство, време е сите да го доживееме
-

Народната банка: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор
-

Фрлал камења и земја на улица во Ѓорче Петров, па нападнал жена која се обидела да го сними
-

Куче без надзор и маска каснало жена во Кратово, сопственичката доби кривична пријава
-

Тројца вооружени разбојници ограбиле обложувалница во Чаир
