Во Данска откриено златно богатство од средниот век
Во југозападна Данска, е откриено поголемо количество злато. Станува збор за 22 златни предмета за кои се претпоставува дека датираат од шестиот век, а се откриени од археолог аматер, близу градот Jелинг.
Според првичните информации, станува збор за едно од најголемите вакви пронаоѓања во оваа земја.
Според Mузејот на Вејле, каде што треба да се изложи богатството, Оле Гинеруп Шиц неодамна набавил детектор за метал и се движел по околните полиња, пред да го најде златото. Историчарите веруваат дека наоѓалиштето е дел од комплексот на кралевите од Викиншката ера меѓу 8. и 12. век, но е, можеби, два века постаро од неа.
– На една чинија, која тежи речиси еден килограм, има и неколку симболи, од кои некои сѐ уште се непознати. Тоа ќе овозможи да се дознае повеќе за овој период пред Викиншката ера, смета Мадс Раун, директор за истражувања во Музејот на Вејле.
Ново на Сител
-
За брзо возење казнети 553 возачи
-
Руската армија тврди дека неутрализирала 31 украински дрон
-
Одложено судењето за „Шпански скали“
-
За прв пат од 2004 година, ниту Ѓоковиќ ниту Надал нема да бидат во четвртфиналето во Рим
-
Главчев и Радев по инаугурацијата на Сиљановска-Давкова: Договорите мора строго да се спроведуваат
-
МНР: Да се почитува Договорот од Преспа - со Грција развивме високо ниво на политички дијалог
-
Реулаторна ќе објави нови цени на горивата
-
Почувствуван земјотрес во Хрватска