Во Дебар два дена без дијагностицирани од коронавирусот, намален број на лица во самоизолација
Во Дебар бројот на лицата кои се во домашна изолација се намалува и тој број денеска изнесува 98, наспроти вчерашната бројка од 126 лица, информира градоначалникот Хекуран Дука, кој раководи со општинскиот Оперативен штаб.
-Безбедносната состојба на подрачјето е добра, не се забележани прекршувања на полицискиот час, ниту пак групни собирања на јавни места, нема нарушувања на јавниот ред и мир. Им благодарам на граѓаните за совесноста дека само со почитување на препораките ќе може да го победиме овој невидлив непријател, рече Дука.
Во последните два дена во Дебар нема дијагностицирани со „Ковид-19“. Вкупната бројка досега е 49 од нив двајца од општина Центар Жупа, што беа и првозаразени. Заклучно со вчерашнот ден 11 лица се излекувани, за жал четворица починаа, додека за 34 кои беа на домашно лекување се очекува резултатот од вторит тест.
Во врска со проблемот со кој се соочуват повеќе граѓани, жители на Дебар но работат во други градови во земјава а кои поради прогласената кризна состојба од 13 март не се јавиле на нивните работни места, Дука рече така ќе остане до 13 април до кога е прогласена кризна состојба. Тоа важи и за транспортерите од двете општини.
Тој информира дека онлајн-наставата почнала во гимназијата и трите деветолетки во општина Дебар.
Ново на Сител
-
Детектор: Средна оценка 2.5 за владеењето на правото во Македонија
-
Нема партиски вработувања, ниту на министерот Меџити му се одземени ингеренциите, вели премиерот
-
Без вода утре дел од Центар
-
Мицкоски: Мора да се кажува вистината за Македонија и да градиме сојузништво
-
Божиновска: Завршува ерата на неточни броила, опремата за проверка на струјомерите веднаш да биде на располагање на граѓаните
-
Бејрут: Десетици илјади луѓе на погребот на убиениот лидер на Хезболах Хасан Насрала
-
Загадувањето на воздухот во Холандија ја надминува дозволената граница на СЗО
-
Oд средината на март од Дебар до Тирана ќе се стигнува за еден час