Во Дебар еден новозаразен, почна повторна дезинфекција
Во последното деноноќие во Дебар потврден е уште еден случај со Ковид-19, со што бројката од почетокот на пандемијата се зголеми на 63.
Од вкупната бројка, 48 се внесени во списокот на оздравени, четворица починаа, активни на болеста се 11 лица, во самоизолација се 81 лице, дел од нив наши државјани кои се вратиле од странство и подлежат на задолжителна изолација.
Коронавирусот во Дебар се врати по педесет дена, кога на 5-ти јуни беше дијагностициран кај жена од селото Долно Косоврасти а два дена потоа и кај маж од Дебар, на 12 јуни беа регистрирани три, на14 јуни пет и на 17 јуни и денес, по еден нов случај.
Како што информираше на денешната прес конференција градоначалникот Хекуран Дука резултати се очекуваат од 40 тестови.
Во меѓувреме во рамки на договорените мерки на општинскиот Оперативен штаб почна повторна дезинфекција на улиците во градот а според планираната динамика следните денови ќе продолжи и во селските населени места.
Оваа активност ја извршуваат вработените во Јавното комунално претпријатие „Стандард“ и на Територијалната противпожарна единица.
Најавено е повторно да бидат поставени апарати за дезинфекција на возила кои влегуваат во Дебар, на патот од Струга кај ХЕ „Шпилје“ и од Маврово кај Мелнички Мост, како што беше претходно.
Ново на Сител
-
Средба на министерот Муцунски со комесарката за проширување на ЕУ, Марта Кос
-
Почина Инес, јагуарот од скопската ЗОО
-
247 санкционирани возачи денеска во Скопје, еден возач лишен од слобода за безобзирно возење
-
Тошковски: МВР ќе постапува против секој за кој постојат докази дека сторил кривично дело
-
Вучиќ верува дека следната недела ќе биде избрана новата влада во Србија
-
Папата Франциск неочекувано се појави на плоштадот Свети Петар и ги поздрави верниците на Цветници
-
Кривична за штипјанец, возел со 1.5 промили алкохол
-
Исчезнато 15-годишно девојче од скопско Кадино