Во Дебарско пролетната сеидба се одвива со планираната динамика
Земјоделците од подрачјето на општините Дебар и Центар Жупа, со планираната динамика ги одвиваат пролетните сеидбени работи.
Според Арбен Муладаути, вршител на должноста раководител на дебарската подрачна единица на МЗШВ, вели дека со пролетни култури ќе бидат засеани над 240 хектари.
- Најголема површина или околу 180 хектари ќе бидат засеани со житни култури,од кои 150 со пченка и 30 хектари со пролетен јачмен. Што се однесува до пролетниот јачмен, сеидбата веќе е завршена. На останатите планирани површини ќе се најдат фуражните и градинарските култури. Кај фуражните култури, луцерката и овесот, до сега сеидбата е завршена со околу 40 насто, додава Муладаути.
Со подобрувањето на временските услови сеидбените работи добија во интензитет, додава тој, оценувајќи дека пролетната сеидба ќе заврши во оптималниот рок и поради фактот дека земјоделците располагаат со сета потребна механизација,квалитен семенски материја и ѓубрива.
Ново на Сител
-
Александар Камбовски избран за претседател на Судскиот совет
-
Се уште се трага по уште едно лице по сообраќајката во Рашче
-
Охрид најавува година на капитални инвестиции
-
Пренатрупаност во прилепскиот затвор
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со професор Борче Треновски
-
Крвав пир во Цетиње – Убиени 12 лица, уште 4 тешко се повредени
-
Порасна бројот на загинати и повредени во терористичкиот напад во Њу Орлеанс