Во Делчево одбележани 148 години од раѓањето на Гоце Делчев

Делчево денеска ја одбележа 148-годишнината од раѓањето на патронот на градот, Гоце Делчев, идеолог, организатор и водач на македонското револуционерно национално ослободително движење кон крајот на XIX и почетокот на XX век.
По тој повод во организација на Општина Делчево, пред споменикот на револуционерот во центарот на градот се поклонија и цвеќе положија претставници на Општината, на политички партии, институции и здруженија на граѓаните. Во рамките на одбележувањето членовите на КУД „Гоце Делчев“ прочитаа реферат за животот и делото на Делчев.
Градоначалникот Горан Трајковки истакна дека Делчево со гордост го носи името на македонскиот револуционер.
– Гоце Делчев зазема врвно место во историјата на македонското национално ослободително и револуционерно движење. Како следбеници на неговиот лик, работиме да ги промовираме неговите заложби, да го изградиме нашиот град како достоен носител на неговото име. Тој станал вистински изразител на стремежите на поробениот македонски народ за слобода, кој го гледал светот како поле за културен натпревар на народите. Како таков, тој останал и во сеќавањата на македонскиот народ, истакна Трајковски.
Во рамки на настанот неколку песни посветени на великанот Делчев и неговото дело прочита роднокрајниот автор Васил Маневски, кој најави дека заедно со Општината се прават напори за возобновување на манифестацијата „Гоцеви Денови“.
Ново на Сител
-

ОН: Лани низ целиот свет биле убиени 350 хуманитарни работници
-
Ангелов: Пожаpот се прошири и зафати делови од прилепското село Чаниште, нема жртви и повредени
-

Пентагон потпиша договор вреден речиси 23 милијарди долари за забрзано производство на Томахавк
-

Вардар со победа ја стартуваше Регионалната лига
-

Седум нови осомничени за транспорт на марихуана од Македонија во Србија
-

Авион на воздухопловните сили на Франција принудно слета на автопат и се запали
-

Ѓоковиќ мора да го провери дишењето пред УС опен
-

Анкета на Фајненшал тајмс: Мнозинство американски гласачи велат дека им е полошо откако Трамп е претседател
