-->
-->
Во Делчево презентирани резултатите од проектот „Инклузивен пазар на труд“
-->
Во Делчево се одржа завршната работилница од проектот „Инклузивен пазар на труд“, кој во изминатите осум месеци во соработка и со финансиска поддршка на Македонското здружение за заштита и безбедност при работа, го спроведе здружението „Бравура кооператива од Делчево.
Како што истакна координаторот Александар Николов, самиот наслов на проектот, кажува дека станува збор за начините на кои лицата со посебни потреби се внесени на пазарот на трудот и на кој начин тие треба да да бидат инклузирани и внесени во работно-производствениот процес, со посебен акцент за безбедност и здравје при работа.
-Во неколку од фирмите каде истражувавме и правевме анкети, дојдовме до сознание дека компаниите имаат потреби за едукација на кој начин да пристапат кон лицата со посебни потреби, за да добијат максимум од нивните квалитети, а исто така и на кој начин тие безбедно да заминат од работното место. Меѓутоа, се дојде и до едно сознание дека постои одреден дел на мобинг, во смисла на хумор во однос на тие лица или недоличен однос кој што лицето го восприема на друг начин, а исто така влијае на неговата емоционална состојба во работната околина и може да предизвика непредвидени ситуации, истакна Николов.
Во рамки на проектот, како што додава, изготвен е водич со практични чекори, кои треба да ги следат самите работодавци, кој ќе биде и упатство за самите лица со посебни потреби.
-Преку ова упатство, од првичната средба со работодавците лицата со посебни потреби ќе имаат водич какви чекори понатаму треба да преземат со цел да добијат ефикасен и ефективен третман. Овие предлог мерки ќе бидат доставени до Министертсвото за труд и социјална политика, од каде потоа системски очекуваме да се изнајде начин да се инкорпорираат како мерки, кои треба да бидат превземени при вработување на оваа категорија на лица со посебни потреби, дополни Николов.
Проектот финансиски е поддржан со средства во висина од 8.000 евра, како субгрант од Европската Унија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Изгласана Резолуцијата за Сребреница во ОН – 11 јули се прогласува за Меѓународен ден на сеќавање на геноцидот:
-
Тројца повредени во сообраќајка на крстосницата кај Башино Село на автопатот над Велес
-
Претседателката оствари телефонски разговор со Зеленски: Украинскиот народ може и во иднина да смета на македонското сојузништво
-
63-годишен маж демнеел женско лице од Дебар по што и го украл телефонот на работното место
-
Графитите избришани, сторителите непознати, насликана нова содржина на монументот на гостиварскиот кеј
-
Левица: Црква изградена во 1874 година настрада од минирањата на „Бехтел и Енка“
-
Потврден 30-дневниот притвор за врховнот судија Георгиев
-
110 пушки од Првата светска војна пронајдени при ископ во Старата касарна во Битола