-->
-->
Во Делчево зголемен бројот на дечиња кои посетуваат градинка во сабота
-->
Се зголемува интересот кај родителите за згрижување на децата во детската градинка во Делчево секоја прва сабота во месецот. Како што истакна Билјана Симовска, директорка на Општинската јавна установа детска градинка „Весели Цветови“, претходно е направено долгорочно планирање и распоред на вработените за децата кои доаѓаат на престој во сабота да бидат згрижувани и воспитувани како и останатите работни денови.
– Во почетокот се започна со девет дечиња, за да заклучно со месец октомври стигнеме до бројката од 19 деца кои престојуваат во градинката првата сабота од месецот. Водејки се од фактот дека Делчево е град на текстилството и повеќето родители работат во текстилните фабрики секоја сабота и имаат потреба од згрижување и во сабота, очекуваме зголемување на овој број на деца, вели Симовска.
Додава дека сите родители кои имаат потреба од користење на услугите на градинката секоја прва сабота во месецот, задолжително престојот на детето треба да го најават во петок пред работната сабота кај воспитувачките во групите за да може градинката полесно да ја планира потребата од персонал и се што е битно за беспрекорно згрижување на дечињата.
Престојот на децата во градинка секоја прва сабота дополнително не се наплаќа, родителите на добиваат дополнителни сметки туку користењето на услугите е вклучено во нивниот месечен надомест.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Минчев: Министерството за јавна администрација в понеделник со конкрени насоки за сите огласи, конкурси, унапредувања по укинувањето на „Балансерот“
-
На аеродромот во Тирана регистрирана рекордна бројка патници, до година во функција и аеродромот во Валона
-
Гвардиола подготвен да помогне да се најде нов менаџер на Манчестер Сити
-
Прекин на дуелот меѓу Работнички и МЗТ
-
44-годишник претепал полицаец кој му напишал казна на неговиот син
-
Почина четиримесечно бебе во Гостивар
-
Ердоган и Шолц разговараа за зајакнување на одбранбената соработка
-
Израелската армија изврши најмалку осум воздушни напади врз Бејрут