-->
-->
Во Демир Хисар тројца работници повредени од струен удар
-->

Во СВР Битола вчера во 12:30 часот вработен во ЕВН пријавил дека на ул.„8-ми Септември“, додека работеле на покрив од објект во изградба на инвеститор од Демир Хисар, тројца работници во фирмата изведувач се здобиле со повреди при допир на табла од пластифициран лим со 10 киловолтен воздушен далековод.
Повредени биле З.П. (43), Д.Н. (23) и Џ.У. (59). Тие биле пренесени во Клиничката болница Битола каде им била укажана лекарска помош.
По укажаната помош, З.П. и Д.Н. биле задржани на понатамошно лекување, а Џ.У. бил пуштен на домашно лекување.
Увидот на местото извршила екипа од СВР Битола, Јавен обвинител и трудов инспектор.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Меси прогласен за играч на годината во МЛС во изборот на „Гол“
-

УХМР најавува пообилни локални врнежи и снег на повисоките места и планините
-

Приведени три лица во Гостивар, пронајдена дрога во возило кое било нерегистрирано | ФОТО
-

Полска затвори два аеродрома поради руските напади врз Украина
-

Трамп: Се водат многу добри разговори за Украина, нешто може да се случи
-

Зеленски: Русија ја нападна Украина со 400 дронови и 40 ракети
-

Трамп ги укинува дополнителните тарифи за Индија по договорот за руска нафта
-

ЗОИ 2026: Швајцарскиот женски хокеарски тим изолиран поради норовирус
