Во Драч запленети 140 килограми кокаин скриен во контејнер со банани од Еквадор
Контејнерот пред 24 дена тргнал од Еквадор, а дрогата пакувана во 200 пакетчиња била скриена во модифициран дел во горниот дел од контејнерот.
– Нарачката со банани требало да ја прими компанијата „Масаби Фрут“ од Тирана. Контејнерот прво минал преку скенер а потоа му била направена и физичка контрола, Долго време под надзор на Специјалното јавно обвинителство биле сопственици на компании, за кои постоел сомнеж декаа имаат врски со мрежата за трговија со кокаин од Латинска Америка до Албанија, пренесува агенцијата Балкан веб.
Сопственик на фирмата е Ерјон Пети, кој за агенцијата изјавил дека нема никаква поврзаност со дрогата, туку дека имал нарачка за банани од Еквадор. Потврдил дека е притворен неговиот партнер во фирмата и оти и тој треба да даде изјава во полицијата.
Во рок од десет дена ова е втора пратка со кокаин скриена во контејнер со банани од Еквадор, по онаа на 1 април, кога беа запленети 49 килограми кокаин.Контејнерот пред 24 дена тргнал од Еквадор, а дрогата пакувана во 200 пакетчиња била скриена во модифициран дел во горниот дел од контејнерот.
– Нарачката со банани требало да ја прими компанијата „Масаби Фрут“ од Тирана. Контејнерот прво минал преку скенер а потоа му била направена и физичка контрола, Долго време под надзор на Специјалното јавно обвинителство биле сопственици на компании, за кои постоел сомнеж декаа имаат врски со мрежата за трговија со кокаин од Латинска Америка до Албанија, пренесува агенцијата Балкан веб.
Сопственик на фирмата е Ерјон Пети, кој за агенцијата изјавил дека нема никаква поврзаност со дрогата, туку дека имал нарачка за банани од Еквадор. Потврдил дека е притворен неговиот партнер во фирмата и оти и тој треба да даде изјава во полицијата.
Во рок од десет дена ова е втора пратка со кокаин скриена во контејнер со банани од Еквадор, по онаа на 1 април, кога беа запленети 49 килограми кокаин.
Ново на Сител
-

Музичкиот спектакл „Силно светнал ден“ за 35 години независност стартуваше вечерва од Охрид
-

Тема на денот со Бојан Трајковски, доктор по општа медицина
-

Голем ризик за пожари на отворен простор и шумски пожари
-

Втор ден гори депонијата во Крива Паланка
-

Жештините ја зголемија потрошувачката на струја
-

Му го пресекол патот па избегал, ОЈО бара мерки на претпазливост за сообраќајката во Радишани
-

Зголемен број на повредени во сообраќајќи и скршеници поради колабирања бележат во Ургентен на Клинички
-

Подобрена е состојбата на повредениот пациент во Турција кој вчера беше транспортиран на Клинички
