Во Драмски театар почнуваат пробите за мјузиклот „Библијата“

Во Драмскиот театар - Скопје денеска почнуваат пробите на новиот проект, мјузикл за деца и возрасни „Библијата“ во режијата на Срѓан Јанаќиевиќ.
Либретото е исто така на Јанаќиевиќ, музиката на Игор Василев - Новоградска, а дизајнот на претставата е на Кирил Василев. Премиерата ќе биде на 8 декември 2015 година.
- Книгата која е темел на нашата цивилизација, на која се базирани и преиспитувани сите наши етички кодекси, основа на законите, книга на која се темелат три религии, многу често била инспирација за уметничко толкување и експресија. Постојат безброј видувања на одредени делови и од Стариот и од Новиот завет. Секогаш интригантна и чувствителна независно од перспективата на авторите. Сепак во овој момент на "вриеж", на почетокот од новиот милениум, кога на една страна, има тенденција на преиспитување на моралните вредности, а пак од друга страна, исто толку силна потреба да се вратиме кон старите - проверени и „сигурни" вредности, па конечно и во време кога религиите во одредени региони се во жесток судир, „препрочитувањето" на Библијата изгледа есенцијално, вели Јанаќиевиќ за темата на мјузиклот.
Од овие причини, додава, претставата (оперета/мјузикл) „Библијата" смета оти би била вистински театарски чин. - Претставата во својата структура би го опфатила и Стариот и Новиот завет. Би била работена како една претстава во два дела наменета за деца и возрасни или популарно "семеен жанр", потенцира тој.
Ова, вели Јанаќиевиќ, е идеален начин за поставување на сцена на „најважната книга на светот" од неколку причини.
Пред се, потенцира тој, поради тоа што оваа форма овозможува да ја збие драмската структура на обемната Библија, потоа затоа што овој жанр сеуште е нов и недоистражен на нашите сцени па секогаш постои жед за него, и на крајот децата секогаш сакале приказните да им бидат раскажани со музика на сцената.
Ново на Сител
-

Граничниот премин Евзони повторно затворен за сите возила со две четиричасовни блокади на грчките земјоделци
-

Во среда и дневните температури под нулата, ќе има и силен ветер
-

Умот не ми даваше дека е мртов, потресно сведоштво на мајка на судењето за трагедијата во Пулс
-

Приведен кавадарчанец, со 3,13 промили алкохол во крвта агресивен бил кон полицајци
-

Минатата недела санкционирани 114 непрописно паркирани возила во Центар
-

Дел од скопско Бардовци без вода
-

Еден загинат и тројца исчезнати во несреќа со мигранти на грчкиот остров Самос
-

Мобилен пронајден во келијата на газдата на „Пулс“
