-->
-->
Во Џенова врие од коронавирус, Пандев не е меѓу заразените
-->
Италијанските медиуми тврдат дека дури 11 фудбалери на Џенова и 3 членови на тимот имаат позитивен тест на КОВИД-19, вклучувајќи шест фудбалери кои беа во игра при 6:0 поразот од Наполи во неделата.Грифоне веќе потврдија дека Матија Перин беше позитивен во саботата, додека во неделата уште Ласе Шоне покажал позитивен тест. Потоа, тимот патувал во Неапол, каде што играа на „Сан Паоло“, а сега 24 часа по мечот, Џенова објави дека има 14 позитивни тестови во тимот.
Според „Скај спорт Италија“, дури 11 од овие позитивни тестови се на фудбалерите. Тие шпекулираат дека дел од фудбалерите при враќањето во Џенова имале симптоми по што се наредени нови тестови. Поради ова, мечот против Торино овој викенд најверојатно ќе биде одложен, а фудбалерите на Наполи ќе мораат во изолација и на постојано тестирање.
Што се однесува до македонскиот репрезентативец Горан Пандев според пишувањето на спортмедиа.мк капитенот не меѓу заразените и се чувствува добро.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Во Центар платени 3.360 евра за квадрат – Цените на становите растат
-

Тема на денот со Васко Наумовски, поранешен вицепремиер за евроинтеграции
-

ФК Силекс и оваа сезона со амбиции за висок пласман
-

13 заразени со западно-нилска треска, тројца во критична состојба
-

Дополнителна дезинсекција во Драчево
-

Епидемијата во Гостивар стивнува, најави за питка вода се уште нема
-

Филипче најавува блокада на Законот за Скопје - Европска престолнина, Мицкоски вели ќе има јавна дебата
-

Таргетирана помош за најранливите наместо замрзнување на цените за сите, предлага ССК
